ФОЛКЛОРНА ВЕЧЕР СО АНСАМБЛИТЕ „БОЈМИЈА“ И „ЉУБОМИР ИВАНОВИЌ-ГЕЏА“

Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија е организатор на заедничка фолклорна вечер  со КУД „Љубомир Ивановиќ- Геџа“ од Ковачевац, Република Србија. Концертот ќе биде одржан во Народниот театар – Гевгелија, на 20 март, Недела, со почеток во 19:00 часот. Влезниците чинат 100 денари. Настанот ќе биде организиран согласно протоколите за организирање настани, со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19. Организаторот ги поканува сите љубители на фолклорот да бидат дел од оваа културна манифестација и да уживаат во настапот на „Бојмија“ и „Љубомир Ивановиќ- Геџа“ од Р. Србија.

Kултурно Уметничкото друштво Љубомир Ивановиќ Геџа е формирано во 2013 година во селото Ковачевац, во близина на Младеновац, Република Србија. Во друштвото членуваат 130 членови кои се поделени во пет различни групи и секции. Името го добива по славниот тренер во борење Љубомир Ивановиќ Геџа кој е роден во ова место.

Ова друштво ги продолжува традициите на народните песни и ора од овој крај, и за краткиот период на постоење го сврте вниманието на јавноста со својата работа и учество на различни фестивали. Основните цели на друштвото се играта, песната, дружењето и запознавањето со културата на другите народи и нивната традизија.

КУД Љубомир Ивановиќ Геџа е организатор на фестивалот „Ковачевац“, кој за прв пат се организираше во 2016 година и на кој се собираат ансамблите од сите поранешни југословенски републики.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *