ФИЛИП ДИНЕВ, НАЈДОБАР МЛАД ЏЕЗ МУЗИЧАР ЗА 2020:„САКАЛ ИЛИ НЕ, ЈАС СУМ ИЗРАСНАТ ВО ГЕВГЕЛИЈА И СИТЕ МОИ ПРВИ ЖИВОТНИ И МУЗИЧКИ ИСКУСТВА СЕ ПОВРЗАНИ СО НАШИОТ ГРАД“

Филип Динев на затворањето на фестивалот „Џез Фабрика“ , кој се одржа од 1 до 3 јули во Битола, настапи со своето трио и притоа му беше врачена наградата за „Најдобар млад џез-музичар“ за 2020 година кај нас.
Филип неодамна го издаде својот дебитански албум „Szvetlo“, снимен со триото во кое се и Французинот Пјер Мартин и Унгарецот Дани Ардај, а за неговиот пробив на џез-сцената доволно говори и наградата за “Најдобар млад џез музичар“ што ја доби од фестивалот „Џез фабрика“ во Битола.
По добивањето на оваа престижна награда, Филип изјави дека многу му е драго за оваа награда а и презадоволен е од приемот на публиката во Битола.
Триото е формирано некаде почетокот на 2019 година, во Будимпешта, при спонтан собир на моја иницијатива, вели Филип, во една од просториите на Академијата „Франц Лист“. А името – „Szvetlo“, беше демократски изгласано, на неколку мои понудени опции, хаха. Иако не знаеја што значи, ова им делуваше најсимпатично. Искрено, и мене ми делуваше најсимпатично. На сите ни е мила светлината, нели?
Посебно ми е драго што проектот го снимивме во Гевгелија, поточно во „Пионерски Дом“, на околу 100-тина метри од мојата куќа. Сакал или не, јас сум израснат во Гевгелија и сите мои први животни и музички искуства се поврзани со нашиот град. Гледајќи наназад, сфаќам коку големо значење имале сите мали „воншколски“ активности, како „аматерски претстави“, хорот „Гортинија“, музичките дружења со другарите, бендови, заглавувања во домашно студио и слично…

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *