ЕПИДЕМИОЛОЗИТЕ И РОДИТЕЛИТЕ ПОДЕЛЕНИ

ЕПИДЕМИОЛОЗИТЕ И РОДИТЕЛИТЕ ПОДЕЛЕНИ ОКОЛУ ТОА КАКО ДА ЗАПОЧНЕ ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ, СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО ИЛИ „ON LINE“

Во услови на зголемено и брзо ширење на вирусот, до последен момент нема да се знае каква одлука ќе донесе Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство за стартот на второто полугодие. Второто полугодите треба да почне на 20 јануари. Засега нема најави дали распустот ќе биде продолжен поради високите бројки на заразени со ковид-19.

Како што истакнаа од Министерството за здравство, одлуката ќе зависи од епидемиолошката состојба во државата. Поделени се и родителите и  епидемиолозите.

Едни се за продолжување на наставата со физичко присуство и без маски, а другите стартот на второто полугодие треба да се одложи барем за две недели или да продолжи онлајн

Епидемиологот д-р Сашко Олумчев од Гевгелија е да се одложи започнувањето на второто полугодие за две недели, додека не заврши пикот на овој бран. Амбулантите се веќе оптоварени, а и детската популација е погодена во овој бран. Тоа е неопходно да се направи, а потоа ќе видиме каква ќе биде ситуацијата. – Знам дека никој не ги сака маските, но сметам дека во оваа фаза не треба да се тргнат од училница. Во моментов имаме и делта и омикрон соеви, има и грип и други вирози, а сигурно отворањето на прозорците не е решение. Се соочуваме и со недостиг од кадар, име проблеми буквално на секое поле и мора системски да го гледаме и решаваме проблемот – вели Олумчев.

„Има логика да се одложи стартот на второто полугодие од учебната година“, смета проф.-д-р Александар Петличковски, директор на институтот за имунобиологија и хумана генетика. Тој додава дека, тоа е потребно затоа што ова е најефикасниот момент за пренесување вирусот. 

Со слично размислување околу одложувањето на почетокот на второто полугодие е и микробиологот и професор д-р Никола Пановски. „Зимскиот распуст на учениците треба да се продолжи за две недели, а потоа децата да тргнат на училиште без маски“, дециден е д-р Никола Пановски.

Наспроти нив се размислувањата на други епидемиолози.

Доктор Нико Беќаровски смета дека нема потреба од онлајн настава во второто полугодие од учебната година, повикувајќи се на искуствата од соседните држави. „За децата омикрон е обична вироза, какви што има секоја зима! Местото на децата е во училишните клупи“, вели Беќаровски и според него единствено почетокот на второто полугодие може да се одложи до понеделник 24 јануари

Епидемиологот Драган Даниловски, пак, посочува дека наставата во училиштата не само што треба да започне, туку треба да биде и без маски. „Вирусот толку брзо се шири што веќе е илузорно да се очекува значајно сопирање со расположливите мерки. Со ваквиот ‘шведски’ пристап во македонски услови брзо би си обезбедил колективен имунитет од над 95 проценти, а тоа ќе значи дефинитивно крај на епидемското ширење.

Родителите кои се залагаат за онлајн-настава, пак, своето барање го образложуваат со немањето услови за настава со физичко присуство во тесни училници, со непочитување на протоколи, со нетестирање на ученици и персонал, како и со отворени прозорци во зимски услови, при што за кратко време би се довеле во голема опасност голем број семејства.

epide

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *