ЕКИПАТА НА КК „КОЖУВ“ ОСТАНУВА ВО ПРВАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА

Во лигата остануваат Кожуф и Вардар, додека Академија ФМП и Охрид се селат во Втората лига.
Во последниот меч од плеј-аутот, тимот на Кожув од Гевгелија беше подобар од Навико Академија ФМП со 91-72 и го потврди опстанокот во лигата. Со ова гевгеличани потврдија дека се најдобрата екипа во мини-лигата за опстанок во друштвото на најдобрите.
Пен натпреварот го заврши со 16 поени, Караџовски додаде 14, а Караколев уште 11 поени за домашната екипа. Во гостинската екипа прво поентерско име, со 25 поени беше Петровски, Ѓурашевиќ даде 20, а Сантана уште 10 поени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *