ЕФЕ ИБРАИМОВ ОД ШК „7-МИ НОЕМВРИ“ СТАНА МЛАДИНСКИ ДРЖАВЕН ПРВАК ВО ШАХ ДО 16 ГОДИНИ

Струмица беше домаќин на Државното шаховско првенство за млади шахисти од 8 до 18 години, во машка и женска конкуренција кое од 23 до 29 јуни се одржа во хотелот „Сириус“.Околу 150 момчиња и девојчиња водеа битки на црно-белите полиња за освојување на титулите младински шампиони на Македонија во стандарден шах за 2024 година.
 
Денес, со гордост стигна веста дека младинецот Ефе Ибраимов член на ШК „-ми Ноември“” 7 Ноември 2021 ” Гевгелија стана МЛАДИНСКИ ДРЖАВЕН ПРВАК во категорија до 16 год. По одиграни 8 кола, тој освои 5.5 поени и заслужено стана шампион на Македонија за 2024 година.Овој голем успех,како за него така и за гевгелискиот клуб,ќе резултира со негово учество на Светското младинско првенство . По бронзениот медал во екипна конкуренција,денес гевгелискиот шаховски клуб доби и младински првак на Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *