ЕФЕ ИБРАИМОВ, ДРЖАВНИОТ ПРВАК ВО ШАХ ДО 16 ГОДИНИ ЌЕ НАСТАПИ НА ЕВРОПСКОТО МЛАДИНСКО ПРВЕНСТВО ВО ПРАГА

Денес, членот на Шаховскиот клуб „7-ми Ноември“, инаку првак на Македонија до 16 години, Ефе Ибраимов, заедно со петмина шахисти кои ќе настапат во разни категории, отпатува за Прага каде што ќе учествува на Европското младинско првенство.Од неговиот клуб му посакаа многу среќа, добри резултати и успешен настап.
 
Струмица беше домаќин на Државното шаховско првенство за млади шахисти од 8 до 18 години, во машка и женска конкуренција кое од 23 до 29 јуни се одржа во хотелот „Сириус“.Околу 150 момчиња и девојчиња водеа битки на црно-белите полиња за освојување на титулите младински шампиони на Македонија во стандарден шах за 2024 година.
 
Како што е познато, Ефе Ибраимов член на ШК „-ми Ноември“” 7 Ноември 2021 ” Гевгелија на Државното шаховско првенство за млади шахисти од 8 до 18 години, во машка и женска конкуренција кое од 23 до 29 јуни се одржа во хотелот „Сириус“, стана МЛАДИНСКИ ДРЖАВЕН ПРВАК во категорија до 16 год. По одиграни 8 кола, тој освои 5.5 поени и заслужено стана шампион на Македонија за 2024 година.Овој голем успех,како за него така и за гевгелискиот клуб, резултира со негово учество на Светското младинско првенство во Прага .
 
Европското младинско првенство во класичен шах 2024 година ќе се одржи од 21 август до 1 септември со речиси 1250 учесници кои претставуваат 47 европски федерации. Ќе се игра во 6 возрасни секции, У8, У10, У12, У14, У16 и У18, со 9 кола (швајцарски систем) во секоја конкуренција. Временскиот термин за секоја партија е 90 минути за 40 потези, плус 30 минути до крајот на играта, со зголемување од 30 секунди за секој потег, почнувајќи од првиот потег.
 
Победниците во секоја возрасна секција ќе станат европски младински шампиони во шах од соодветната возрасна категорија. На првите тројца играчи во секоја група ќе им бидат доделени пехари и медали, а на првите пет играчи во секоја група ќе им бидат доделени пехари, дипломи и вредни награди. Секој учесник ќе добие подароци.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *