Сиот живот се одвива во две бои, зелена и жолта
Најпрво човек е млад, тврд и зелен, а на крајот си мек, сув и жолт. Зелената боја е симбол на животот а жолтата на смртта.Кога тогаш сите ќе пожолтиме.На овие зборови прво се сетив кога ја слушнав веста за смртта на академик Георги Старделов, поранешен претседател на МАНУ, еден од столбовите на македонската филозофска мисла и наука.
Академик Георги Старделов e роден во Гевгелија, на 28 август 1930. За својот роден град ќе напише, “Дури и кога бев далеку од Тебе, моја Гевгелио, по повеќе континенти на земниот Глобус, секогаш бев со Тебе, бидејќи Ти беше, всушност, мојот вистински животен континент.”
За со сиот свој труд и дело низ години важи за филозоф, естетичар, есеист, книжевен критичар, антологичар, теоретичар и историчар на културата.
Академик Георги Старделов e роден во Гевгелија, 28 август 1930, филозоф, естетичар, есеист, книжевен критичар, антологичар, теоретичар и историчар на културата. Дипломирал на Филозофскиот факултет, на Катедрата за филозофија на Универзитетот во Белград (1953). Докторирал Филозофија на Универзитетот во Скопје (1965). Професор е на Филозофскиот факултет во Скопје (1966–1995), и негов декан (1975–1977), прв декан на интердисциплинарните студии по новинарство (1977–1981), претседател на Филозофското друштво на Македонија и на Југославија, претседател на Друштвото на писателите на Македонија и претседател на македонскиот ПЕН центар. Почесен член беше на Друштвото на уметници во Шпанската кралска академија и редовен член на Европската академија на науките и уметностите. Професор гостин на неколку југословенски, европски и американски универзитети.
“Plenus annis abiit, plenus honoribus.”, напишаа од Филозофскиот факултет