Во Македонија вчера се одржаа претседателски и парламентарни избори на кои убедлива победа однесоа ВМРО-ДПМНЕ и претседателската кандидатка Гордана Силјановска-Давкова. Според последните податоци објавени од Државната изборна комисија, по пребројани 99,27% од избирачите, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратенички мандати, по неа Коалицијата предводена од ДУИ освои 19 мандати, коалицијата околу СДСМ – 18, „Вреди“ – 13 и Левица и ЗНАМ освоија по шест пратенички мандати.
Во изборната единица 1- ВМРО-ДПМНЕ има освоено 10 мандати, додека, пак, нивниот главен политички ривал, СДСМ, има 3 мандати. ДУИ, Левица и ВЛЕН имаат по две пратенички места, а ЗНАМ има еден мандат.
Во изборната единица 2 – ВМРО-ДПМНЕ има 8 мандати, ДУИ има 4, ВЛЕН 3, а СДСМ и Знам имаат по два мандати, додека Левица има едно пратеничко место.
Во изборна единица 3- ВМРО-ДПМНЕ има освоено најголем број мандати, дури 14, додека, пак, СДСМ има само 4 пратенички места. Левица и Знам имаат по еден мандат.
Во изборна единица 4- ВМРО-ДПМНЕ со 13 пратеници, СДСМ има 5 пратеници, а Левица и Знам имаат по еден мандат.
Во изборна единица 5 – ВМРО-ДПМНЕ има 10 мандати, ДУИ има 4, СДСМ е со три освоени места, а Левица, ВЛЕН и Знам имаат по еден мандат.
Во Изборна единица 6- ДУИ има 9 пратеници, а по него со 7 пратенички места се ВЛЕН. ВМРО-ДПМНЕ има 3, а СДСМ едно пратеничкио место.