ДВОДНЕВЕН ТУРНИР ВО ШАХ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „ДОЖИВУВАЊЕ НА ВТОРА МЛАДОСТ ВО ТРЕТО ДОБА“

Клубот на пензионери во Гевгелија беше претесен да ги прими 80-тина пензионери, но и нивните потомци, внуци, синови и ќерки на дводневниот турнир во друштвени игри шах, домино и табла.
Турнирот во друштвени игри кој што за прв пат се одржа во Гевгелија беше во организација на Фондација Аполонија и Здружението на пензионери од Гевгелија.
 
Нашите сограѓани пензионери не го криеа задоволството што имаат можност да бидат дел од ваков несекојдневен настан и да пренесат знаења и вештини од овие друштвени игри кои за жал се се помалку присутни меѓу младите.
 
Дел од нив како пасионирани играчи истакнаа дека овие игри им овозможуваат и во поодминати години да ги задржат когнитивните способности и функциите на меморијата.
 
На крајот од овој дводневен турнир во рамки на проектот „Доживување на втора младост во трето доба“ беа доделени благодарници на сите учесници и помагатели во успешната реализација на проектот.
 
Проектот „Доживување на втора младост во трето доба“ на Фондацијата Аполонија, кој што се се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот „Доживување на втора младост во трето доба“ е кофинансиран од Општина Гевгелија

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *