ДВЕ ПРВИ И ЕДНО ВТОРО МЕСТО ЗА ПИЈАНИСТИТЕ НА ООМУ „ВАСО КАРАЈАНОВ“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР „ГЕВГЕЛИЈА 2022“

Педесетина млади пијанисти од Македонија, Бугарија и Косово, од 14 до 16 јуни, во Гевгелија учествуваа на Десеттиот меѓународен натпревар „Гевгелија 2022“ на кој ќе се натпреваруваат за награди во пет категории.
 
Младите пијанисти од ООМУ „Васо Карајанов“ на овој престижен натпревар освоија три награди и тоа:
Илија Димов, III одд. – Прва награда, од класата на проф. В. Сапламаев
Благоја Стоев V одд. – Прва награда од класата на проф. А. Лазаров
Сара Видичек, III одд. – Втора награда од класата на проф. К. Издушнов.
 
И оваа година Гевгелија беше место каде младите пијанисти не само што покажаа до каде навлегле во совладувањето на техниката на свирење на пијано туку имаа можност да се дружат и да остварат трајни пријателства.
Настапите на младите пијанисти ги оценуваше жири комисија во чиј состав беа проф. Милка Митева од Бугарија, проф. Власта Џура од Хрватска и проф. Катерина Гелебешева од Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *