НА ДВАЕСЕТТА ПО РЕД КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА НА „АПОЛОНИЈА ФОНДАЦИЈАТА“ И ЦРВЕНИОТ КРСТ ОД ГЕВГЕЛИЈА СОБРАНИ 45 ЕДИНИЦИ КРВ

Фондацијата „Аполонија“- Гевгелија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина при ЈЗУ Општа Болница – Гевгелија и со Општинската органзација на Црвениот крст Гевгелија, во просториите на хотелот „Аполонија“, денес, среда, на 22 декември, 2021 година, ја  организираа традиционалната и јубилејна дваесетта по ред хуманитарна крводарителска акција „ Аполонија – ден на крводарување“. Во денешната акција беа собрани 45 единици од оваа драгоцена течност, а акцијата беше успешно спроведена со поддршка од волонтери од Клубот на млади при ООЦК Гевгелија

– Во рамките на своите определби за постојано поддржување и помагање на активности што се дел од целокупното живеење на нашата локална, а и поширока заедница, фондацијата „Аполонија“ се вклучи и во остварувањето на едно од најблагородните човекови дејствувања – крводарителството. Секоја следна акција ни е сè помасовно поддржана, што ни дава право да останеме при определбата Гевгелија да биде хуман град, истакна директорот на фондацијата „Аполонија“, Аце Ристовски.

Акцијата „Аполонија- Ден на крводарување“ се организира двапати во годината, а првиот Аполонија – ден на крводарување беше организиран на 19 октомври, 2010 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *