Д-Р МИТКО КРЏЕВ: ВЕЌЕ ДВЕ НЕДЕЛИ НЕМА ХОСПИТАЛИЗИРАН ПАЦИЕНТ ОД КОВИД ВО ГЕВГЕЛИЈА

СЕ ЗАТВОРА ХОСПИТАЛНИОТ ДЕЛ НА КОВИД МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА.
Епидемиолошката ситуација со ковид пандемијата во Општина Гевгелија е прилично смирена и веќе две недели немаме ниту еден хоспитализиран пациент, ниту пациенти на кислородна подршка, изјави директорот на Општата болница со проширена дејност, д-р Митко Крџев.
На дневна терапија, продолжи Крџев, имаме od 5 до 8 пациенти дневно кои во амбулантниот дел на ковид модуларната болница, добиваат соодветен третман и си заминуваат дома.
Токму поради ова, истакна директорот Крџев, овој амбулантен дел, кој до сега работеше 24 часа, од 1 април 2022 година ќе работи еднократно, секој работен ден од 08 до 16 часот. И понатаму во овој дел ќе има дежурен доктор и медицинска сестра кои ќе ги вршат прегледите на суспектните пациенти.
Во деновите на викендот, во сабота и недела, заклучи Крџев, пациентите кои ќе имаат потреба од медицинска преглед а во врска со ковид-19 ќе бидат третирани од Итната медицинска помош Гевгелија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *