ДОМ НА КУЛТУРА „МАКЕДОНИЈА“ СЕ ПРЕТСТАВИ НА СЕМИНАР ВО КРАТОВО
Дом на култура “Македонија” ја презентираше локалната традиционална култура во Кратово, преку проектите во сопствена продукција на Домот. Во хотел Кратис во Кратово се одржа семинар за традиционална музика и игра Balkan Brothers.
Пред голем број странски семинаристи од Германија, Шведска, Франција, Холандија, Јапонија беа презентирани двата етнолошки филмови “Лазаренки” и Арт филмот “Огледало”, како и изложбата на фотографии “Црквите и манастирите од гевгелиско (стара Гевгелија)”.