ДОЈРАН ГОДИНАВА ИМА ДВОЈНО ПОУСПЕШНА ТУРИСТИЧКА СЕЗОНА ОД ЛАНИ

И во услови на пандемија Дојран реализираше успешна туристичка сезона. Првичните анализи покажуваат дека ова лето во Дојран престојувале над 72 000 туристи кои оствариле преку 300.000 ноќевања или двојно повеќе во однос на лани. Најголемиот број од ноќевањата се реализирани втората половина на јули и во текот на месец август кога капацитетите биле 100 отсто исполнети, изјавуваат од одделението за туризам на Општина Дојран
За разлика од лани кога поради затворените граници присуствуваа само домашни гости, годинава со отварањето на границата од Страна на Грција во Дојран повторно се вратија и таканаречените транзит туристи, пред се српски државјани кои на пат кон јужниот сосед или пак враќање задолжително поминуваат по ден до два и во Дојран.
Исто така Дојран беше посакувана дестинација и за домашните туристи
По завршувањето на сезоната била направена и анализа од која е констатирано дека поради зголемениот интерес за летување во овој туристички центар за следната сезона неопходно е да се отвораат нови или да се прошират постоечките плажи со цел да се одговори на потребите на туристи чиј број секоја година се зголемува.
May be an image of one or more people and body of water
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *