ДОБИЕНИ ТАБЛЕТИ ЗА СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИТЕ УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА  ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

          Во рамки на Проектот за унапредување на основното образование, Министерството за образование и наука обезбеди таблети за учениците од социјално-ранливите категории во основните училишта, во општина Гевгелија. Имено, вчера во Клубот на пратеници беше извршено примопредавањето на 12 таблети, наменети за учениците од 4 и 5 одделение, од општина Гевгелија, кои потекнуваат од семејства во социјален ризик. На овој начин, на учениците им се овозможува еднаков и непречен пристап до користење современи средства за учење и мултимедијални содржини, корисни за нивното образование. Таблетите ќе бидат дистрибуирани до основните училишта, каде ќе се доделат на учениците.

           Инаку, Проектот за унапредување на основното образование кој го спроведува Министерството за образование, со цел подобрување на квалитетот во основното образованието и поддршка за учење на учениците од ранливите категории и етничките малцинства, е финансиран од Светска банка.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *