ДО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА ДЕСЕТ ГЕВГЕЛИЧАНИ ЗАВРШИЛЕ ВИШО И ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ПАРИЗ, ЛАЈПЦИГ,МИНХЕН, БЕЛГРАД И ЦАРИГРАД

Потребите за школско образование на градското население во Гевгелија, во поширока смисла на зборот, особено пораснале од 80-те години на 19-от век. Во таа смисла на одделен начин влијаеле и туѓите национални пропаганди, со цел да добијат млади интелектуални сили кои ќе ги бранат нивните каузи.
 
Повеќето од учениците кои завршувале прогимназијални училишта во Гевгелија, своето образование го продолжувале во Солун, а од таму продолжувале да се стекнуваат со вишо и високо образование во градовите Париз, Лајпциг, Минхен, Белград и Цариград.
 
Така до Првата светска војна, десет гевгеличани завршиле вишо и високо образование, и тоа:
Иван Палазов, вишо образование, Васил Дудуклиев, медицински факултет во Париз, Кирил Дудуклиев, агрономија во Лајпциг, Кирил Хаџи Наков, технички факултет во Минхен, Коста Чокаџиќ, медицински факултет во Париз, Ристо Зафирчин, музичка академија во Белград, Јован Проданов, филозофски факултет во Белград, Сотир Хаџи Делев, воена академија, Ѓорѓи Маџаров, вишо образование и Јероним Стамов, теологија во Цариград.
 
Прв дипломиран лекар во град Гевгелија бил гевгеличанецот Кирил Дудуклиев во 1905 година, меѓутоа овој лекар никогаш не работел во град Гевгелија. Првиот лекар гевгеличанец кој работел во Гевгелија бил Коста Чохаџиќ, кој дипломирал во 1910 година во Париз, а со работа во Гевгелија започнал во 1911 година.( од Монографијата за Гевгелија)

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *