ДО КРАЈОТ НА МАЈ ЌЕ СЕ ВРШИ УПИС НА ПРВООДДЕЛЕНЦИТЕ ВО УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

Општина Гевгелија ги известува родителите дека во текот на целиот месец мај ќе се реализира процесот на регистрирање на првачињата во основните училишта на територијата на општината со целосно почитување на реонизацијата на училиштата и живеалиштето на децата и во согласност со утврдените протоколи за заштита од вирусот Covid 19.

Уписот е задолжителен за децата кои до крајот на декември 2021 година ќе наполнат 6 (шест) години, односно задолжително за сите деца родени во текот на 2015 година и за оние кои сакаат за деца родени во текот на јануари, 2016 година.
Апликацијата за регистрација и доставувањето на потребните документи овој пат може да се направи онлајн преку веб страната uslugi.gov.mk, каде потоа родителите ќе бидат контактирани од страна на училиштето на телефонскиот број оставен во апликацијата за одредување на термин за спроведување на интервјуто со детето во просториите на училиштето.
Ова ќе овозможи избегнување на метежот и групирањето во училиштата.
Родителите се должни при уписот да достават извод од матичната книга на родените за детето, потврди за примените задолжителни вакцини за детето, за извршен офталмолошки и извршен стоматолошки преглед, издадени од надлежна здравствена установа.

Но, целиот овој процес може да се реализира и во училиштата каде на родителот ќе му се одреди термин за доставување на документацијата и за реализација на интервјуто со детето. Заради запазување на мерките за спречување на ширење на пандемија, родителите задолжително закажуваат термин за прием на документите и интервју со детето во основните училишта на следниве телефонски броеви: – ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија 078/447-373; – ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија 070/518-041; – ООУ „Климет Охридски“- Миравци 071/367-717; – ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци 075/260-839. Физичкото присуство за спроведување на интервјуто со детето останува задолжително и за нејзина реализација секое училиште ќе функционира врз принципот на термини во две форми на аплицирање.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *