ДО 20-ТИ ЈАНУАРИ ТРАЕ КОНКУРСОТ ЗА ОБУКА НА ЛИЧНИ АСИСТЕНТИ НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

ДО 20-ТИ ЈАНУАРИ ТРАЕ КОНКУРСОТ ЗА ОБУКА НА ЛИЧНИ АСИСТЕНТИ НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Црвен крст- ОО Гевгелија, како давател на услугата- лична асистенција, во соработка со Општина Гевгелија и Општина Богданци, а во рамки на реализацијата на Проектот за подобрување на социјални услуги, објави Јавен конкурс за обука на лични асистенти на лица со попреченост. Заинтересираните лица кои сакаат да ја посетат обуката и да се стекнат со сертификат за личен асистент на лица со попреченост, треба да се пријават до 20 јануари, 2023 година, во Општинската организација на Црвен крст Гевгелија или пополнетата пријава да ја достават електронски на меилот : gevgelija@redcross.org.mk.

Обуките ќе траат три месеци.
Личниот асистент учествува во планирање, испорака и следење на услугата за лична асистенција. Опфатени се следниве сегменти:
• Помош и поддршка во домот на корисникот
• Помош и поддршка на работно место, во високообразовниот процес, неформално образование или во професионална рехабилитација
• Помош и поддршка во заедницата во која живее корисикот

За подетални информации, заинтересираните кандидати можат да се обратат на тел. броеви: 077 750 120 или 077 699 036, секој работен ден, од 08:00 до 16:00 часот.

За повеќе на следниов линк.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *