ДЕВЕТ ЧЛЕНОВИ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ ТРЧАА НА „KILKIS TRAIL 2024 “

Здружението на здравствени тркачи Кукуш, со поддршка на општина Кукуш и Подрачната единица Кукуш, во контекст на настаните за ослободување на градот „Патот на хероите“, вчера, 16 јуни беа организирани две трки „Патека Кукуш“ долга 19.000 метри и Здравствен пат 4.800 метри.
На двете трки учество зедоа и гевгелиските атлетичари од клубот „7-ми Ноември“. На 19 километри единствено настапи Андон Дучков кој во една тешка трка се пласираше на дваесеттото место
Убав успех постигнаа атлетичарите од нашиот град кои настапија на трката од 4,8 километри.
 
Во машка конкуренција Валентин Михајловски го освои второто место, Дарко Прошевски беше петти, Борче Узунов, седми, Тодор Анчев стигна осми на целта, Пепи Марков осми во категорија, Игор Коцевски беше деветти во својата возрасна категорија, а настапи уште и Атанас Епов.
Во женска конкуренција, Александра Крајчева беше деветта во својата возрасна категорија.
Инаку, првото место во трката на 4,8 километри го освои атлетичарот од Велес, Роберто Димитриевски, што значи дека македонските атлетичари извојуваа двојна победа.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *