Станува збор за латинско име кое се врзува со грчкиот збор христијанство, и означува христијанин ( Исус Христос).
Оттука потекнува името Христина, или Кристина.
Овој збор означува „некој кој е помилуван“.
Света Христина по род беше од градот Тир и беше ќерка на царскиот намесник Урбан, незнабожец. Воспитана во истиот дух таа сепак, гледајќи ја убавината на созданието, дојде до познание на Бога и во една прилика ги искрши празните идоли во својот дом.
Кога татко и го виде тоа, ја фрли в затвор со намера да ја предаде на смрт. Но, се случи така што истата ноќ Урбан нанадејно умре. Новите намесници, Дион и Јулијан, ја ставија света Христина на маки и откако ја увидоа сета бесмисленост на нивните напори да ја поколебаат во верата наредија да и се отсече главата. Света Христина пострада за Христа во третиот век.
Личностите кои го носат ова име често се опишуваат како многу добродушни и секогаш подготвени да сослушаат и да ги утешат другите луѓе. Кога ќе се спријателите со некоја Кристина, бидете сигурни дека сте нашле пријателка за цел живот.