ДЕНЕСКА СЕ ОДРЖУВА КОМПИРИЈАДА ВО ОПШТИНА НОВО СЕЛО

Како промоција на еден од најквалитетните компири во државата, произведен на планината Огражден, денеска, сабота, 29 октомври 2022 година со почеток од 13 часот во кругот на пазарот во Ново Село, ќе се одржи манифестацијата „Компиријада“. 

Оние кои патот денеска ќе ги однесе во Општина Ново Село, ќе имаат можност да пробаат вкусни специјалитети од компири, како и на културно уметничка програма подготвена од КУД Јане Сандански и Гала Бенд.
 
Генерален покровител на настанот е Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство, во соработка со Општина Ново Село.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *