„ШТО ВРЕДИ АКО СМЕ ТЕЛЕСНО ЗАЕДНО А ДУХОВНО ДА БИДЕМЕ РАЗЕДИНЕТИ“
Умот подигнат кон Небесата, со срце преполно Светлина, пред смртта телесна, веќе за земното спокојна, Јулијано света девственичке посведочи дека непријателот до чистата не се допира, а Спасителот по твоите молитви приведе мноштво верници кои Бога Троичен го слават во вечни векови.
Светата маченичка Јулијана се смета за заштитничка на жените и девојките, но и насите кои неправедно страдаат и се мачат.
Се вели дека света Јулијана Никомидијска претрпела христијанска маченичка смрт за време на прогонството на Диоклецијан во 304 година. Oваа славна дeвица и мачeничка била рoдeна вo Никoмидија oд нeзнабoжни рoдитeли. Oткакo ја слушнала oд нeкoгo eвангeлската прoпoвeд, таа сo сeтo срцe сe oбратила кoн Христа и пoчнала да живee тoчнo спoрeд Бoжјитe запoвeди.Таа била популарна во средниот век, особено во Холандија, како заштитничка на болеста.