ДЕНЕС Е СВЕТСКИОТ ДЕН НА БРАКОТ

ШТО И ДА МИСЛИТЕ ЗА БРАКОТ НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ЕДНО „САКАЈТЕ СЕ ЕДНИ СО ДРУГИ“

Светски ден на бракот како идеја e прифатен во 1981 година и е посветен на брачните двојки, мажот и жената како столб на семејството, темел на Црквата и општеството. Се слави во втората недела во февруари. Врската помеѓу маж и жена е фундаментална врска во која карактеристиките на личноста и однесувањето на секоја индивидуа и нивната перцепција за себе, чувството на задоволство и самореализацијата значително влијаат на заедништвото што ја формира суштината на врската.

Симболот на Светскиот ден на бракот зборува за мисијата и вредностите што ги претставуваат брачните двојки. Мажот и жената се симболично претставени како две свеќи, потсетувајќи нè дека мажот и жената, брачна двојка, се повикани да бидат светло во светот. Двојката е поврзана со срце што покажува дека љубовта е сила што го чува единството во парот и ја зајакнува подготвеноста да се даде живот и ги инспирира другите на верност и единство.

Некои го сметаат бракот за обичен потпис на лист хартија, за некого тој е најсветата и најважна институција, за трети пак е само мисловна именка… Што и да мислите за бракот, не заборавајте „Сакајте се едни со други“.

 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *