ДЕНЕС Е СВЕТСКИ ДЕН НА БОРБА ПРОТИВ СИРОМАШТИЈАТА. ПОВЕЌЕ ОД 2 МИЛИЈАРДИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ СЕ СИРОМАШНИ, ВО МАКЕДОНИЈА ТАА БРОЈКА ДОСТИГНУВА 500.000

Генералното собрание на Обединетите Нации во 1993 година официјално го прогласи 17 октомври за Светски ден на борба против сиромаштијата. Целта е со одбележувањето на овој ден да се предупреди на проблемот со сиромаштијата и бедата и да се укаже на потребата за нивно искоренување. Денешниот датум е одбран како датум за одбележување на бидејќи на 17 октомври 1987 е откриен споменик во Париз посветен на борбата против сиромаштијата.
Во Македонија стапкатата на сиромашни вработени лица е 9,0 отсто, а дури 7 процени од пензионери се на раб на егзистенција. Граѓаните незадоволни, велат дека едвај врзуваат крај со крај. Не им стасуваат платите, а сиромаштијата како што велат ги избркала младите од државата.
Државата мора да најде механизам кој ќе го намали бројот на работоспособни луѓе кои се без работа.
Повеќе од 2 милијарди луѓе во светот живеат во сиромаштија , а таа бројка во Македонија достигнува половина милион. Обединетите нации како главна причина за раст на сиромаштијата ги наведуваат поскапувањата на храната и војни, финансиската криза и природните катастрофи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *