ДЕНЕС Е 4 ОКТОМВРИ, СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ

Секоја година на 4 октомври, на Денот на Свети Франциск, кој бил заштитник на животните се одбележува Светскиот ден на животните. Овој ден се слави од 1931 година, со одлука на Меѓународниот конгрес на приврзаници на движењето за зачувување на природата во Фиренца, Италија.
Целта на Светскиот ден на животните е да се подобри односот кон животинските видови низ целиот свет преку обезбедување поддршка за поединци, групи и организации за заштита на животните.
Во светот има над 40 000 загрозени видови. Меѓу најкритичните видови, кога станува збор за загрозени видови се џиновските панди, тигри, морски желки, големи примати, слонови и носорози.
Според Комитетот на ООН за заштита на животните и природата, најмалку 100 видови животни исчезнуваат секој ден поради ловокрадци заради профит.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *