ДЕНЕС Е 15 МАЈ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СЕМЕЈСТВОТО

Меѓународниот ден на семејството беше прогласен од Обединетите нации во 1989 година, а за прв пат беше прославен во светот на 15 мај 1994 година. под слоганот „Денот на семејството не го сочинуваат предмети, туку срдечни односи меѓу родителите и децата“.
 
Секоја година, различни настани го одбележуваат овој ден, што нè потсетува дека семејството е основа на денешното општество, дека луѓето се создаваат од семејството и семејната средина со нивниот карактер, ставови, верувања што градат иден свет.
 
Во денешно време, кога семејството честопати нема ниту време ниту услови да се развива во заедништво и толеранција, многу е важно да сфатиме колку е важно семејството, колку се важни нашите родители, браќа, сестри, деца, баби и дедовци … Тие сите се дел од секое човечко суштество, сите тие се важни во развојот на личноста на една индивидуа, и колку подобро, потолерантно, поповрзано семејство имаме, толку се поголеми шансите да воспитаме подобро, потолерантно и поповрзано општеството.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *