ДАРУВАЈ СРЦЕВИНА, ДАРУВАЈ ЖИВОТ.

Научната фондација „Спироски“ во 2021 година започна да гради дарителски регистар за срцевина во склоп на нивната фондација, со цел Република  Македонија да се здобие со напреден, функционален регистар кој ќе помага да спасува животи кај луѓето со малигни заболувања.

 

„Идејата зад овој регистар е преку најсовремени технологии да пружиме помош на луѓето со малигни заболувања. По примерот на Ентони Нолан во Велика Британија, добивме идеја како фондација дека граѓанскиот сектор заедно со приватниот сектор, институциите, и граѓаните е способен да придонесува многу повеќе особено во доменот на здравство. Нашиот план е да ги охабриме луѓето во нашата држава да се регистрираат како потенцијални донори, имено доколку не можат да бидат донори, финансиски да ја поддржат оваа иницијатива која на заболените ќе им пружи најсовремена, квалитетна нега и лекување кои ќе го спасат нивниот живот. Денес ги добивме првите потенцијални донори во нашиот регистар, кои во иднина ќе можат да спасат нечиј живот.“ – изјавуваат од Фондација „Спироски“.

 

Дарителскиот регистар ќе биде управуван од Фондацијата, а секој граѓанин може да стане потенцијален дарител на коскена срцевина, но и финансиски да придонесе за одржувањето на регистарот. Како граѓанска иницијатива овој регистар ќе им даде повеќе можности за лекување на граѓаните со малигни заболувања, и заедно со приватниот и јавниот сектор, а и со граѓаните ќе придонесе квалитетна дијагностика, лекување и нега на пациентите.

Овој регистар е исто така поддржан од „Цивика Мобилитас“ а од денес станува активен за пријавување како донори.

„Ние напорно работиме на остварување на регистар од ваков калибер и среќни сме што денес нашиот регистар се здоби со првите потенцијални дарители. Граѓаните кои не можат да бидат дарители, но сакаат да придонесат за лекување на лицата со малигни заболувања може да ни се вклучат преку донирање на средства за да може овој регисар да се развива и да помага на граѓаните во иднина“ додаваат од Фондација „Спироски“.

Граѓаните може да донираат по 100 денари преку броевите на Телеком 143-404, и А1 143-550.

 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *