ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ, 8-МИ МАРТ Е СЕЌАВАЊЕ НА ЖЕНИТЕ КОИ СЕ БОРАТ ЗА РАМНОПРАВНОСТ А НЕ ЗА ПОДАРОЦИ, РУЧЕЦИ И ЧОЧЕЦИ.

ВЕ САКААТ И ПОЧИТУВААТ ТВ НОВА И PERPETUMCODE!

Повеќе од десет декади се одбележув Меѓународниот ден на женските права, на борбата на жените за еднаквост и еманципација.

Меѓународниот ден на жената е поврзан со храбрите, но сепак обични жени, кои успеаја да ја сместат во историјата идејата која се провлекувала во вековите наназад, еднаквост на жените и мажите во општеството.

А, дали е така. Во 21 век за жал сеуште не, и ако сте жена, тогаш најдобро е да живеете во Белгија, Данска, Франција, Латвија, Луксембург и Шведска, затоа што само овие шест земји гарантираат вистински еднакви права меѓу мажите и жените.

Затоа, драги жени, мајки, сестри, ќерки, Среќен Ви осми март, а, дали ќе Ви биде денешниот ден празник на сожалувањето, празник на лагата или празник на љубовта, и почитта – секоја од вас ќе дознае на крајот на денот.

 

Се надевам дека љубовта и почитта ќе преовладуваат, затоа што на жените им треба само мал знак, навестување, момент, невидлив детал, мала пригода, а потоа прават сè сами: сакаат, страдаат, се надеваат, фантазираат и плачат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *