Д-Р БЛАГОЈ АМПОВ :ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ ГИ ЗГОЛЕМИЈА ПОВИЦИТЕ КОН БРЗАТА ПОМОШ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Поради топлотниот бран што ја зафати земјата со многу високи температури од портокалова фаза, бројот на повици кон службата за Итна медицинска помош во Гевгелија изминатите денови е зголемен, а се јавуваат граѓани кои не се чувствуваат добро поради топлото време и имаат кардиоваскуларни промени, главоболки, притисок, вртоглавица, малаксаност,
Колапси, дехидрирање, проблеми со крвниот пристисок, градна болка, гушење – со овие симптоми вознемирени граѓаните се јавуваат во Брзата помош, вели началникот на Итната медицинска помош при Општата болница со проширена дејност Гевгелија, доктор Благој Ампов.
Само во текот на вчерашниот ден, кога температурата во Гевгелија достигна 42,5 степени Целзиусови, имавме 15 повици од граѓани кои побарале помош од нашата служба, вели доктор Ампов
Најчесто се јавуваат хронично болните, главно тоа се срцево болни со кардио-васкуларни заболувања, хипертензии, мозочни удари.
Промената на времето и високите температурни разлики од претходните денови не влијаат само на хронично болните и возрасните, туку и на помладите луѓе и на оние кои немаат никакви заболувања.
Затоа, доктор Ампов препорачува дека граѓаните треба да се придржуваат на препораките на Министерството за здравство, за топло време и топлотни бранови. Во текот на екстремно топли денови се препорачува да се остане подолго време во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор, да се прават почести одмори под сенка, да се носи светла и лесна облека, при директна изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа, да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, како и помало количество храна, главно овошје и зеленчук, да се избегнува масна и солена храна и алкохолни пијалаци, при влегување во возило тоа одреден период да се проветри, а хронично болните редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *