ЦРВЕНИОТ КРСТ ОД ГЕВГЕЛИЈА СО ПОКАЗНА ВЕЖБА УТРЕ ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПРВАТА ПОМОШ

На 16 септември (четврток) со почетокот од 11 часот, Општинската организација на Црвен крст Гевгелија и Клубот на млади, по повод Светскиот ден на Првата помош организираат показна вежба со демонстрации за најчестите повреди кај населението и давање на прва помош за истите.
Настанот покрај демонстрациите, ќе биде и од едукативен и забавен карактер со музички дел.
Дали знаете дека првата помош спасува од 100 до 200 илјади животи годишно како резултат на успешно спроведено cpr?
На овој ден секоја година низ целиот свет организираат настани и активности со цел подигнување на јавната свест за тоа како првата помош може да спаси животи во секојдневните и кризните ситуации, како и промовирање на достапноста на првата помош. Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина смета дека првата помош треба да биде достапна за сите, вклучувајќи ги и најранливите, и, исто така, дека треба да биде составен дел од еден поширок развоен пристап.
Терминот „прва помош“ се однесува на помошта дадена на секој што страда од ненадејна повреда или болест. Главните цели на првата помош се да се зачува животот и да се спречи влошувањето на состојбата. Првата помош не секогаш е извршена од медицински лица бидејќи во секојдневни вонредни ситуации обичните луѓе често мора да извршат прва помош за да спасат нечиј живот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *