ЧЛЕНОВИ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД ПРВАТА ХУМАНИТАРНА „РОТАРИ ТРКА КОЧАНИ 2022“
Попладнево, сабота, 26 март 2022 година, со почеток од 18 часот, низ Кочанските улици ќе стартува првата Хуманитaрна Ротари Трка во Кочани, на 5 и10 километри организрана од Ротари Клубот Кочани-Виница.
На оваа трка вкупно се пријавени 122 тркачи на 5 километри и 96 на 10 километри. Меѓу нив се и членови на АК „7-Ми Ноември“.
На 5 километри ќе настапат Цеца Србова, Никола Ковачев, Атанас Епов, Живко Петков, Кристијан Прошевски, Ристо Чалков им Стојан Делев, додека на 10 километри ќе се натпреваруваат Валентина Узунова, Мијалчо Андоновски, Дарко Прошевски и Диме Андреев.
Организаторот има предвидено и награди за победниците во машка и женска конкуренција.