ЧЕТВРТО МЕСТО ЗА ВЕТЕРАНКИТЕ НА ЖРК „ЈУГ“ ГЕВГЕЛИЈА НА МЕЃУНАРОДНИОТ РАКОМЕТЕН ТУРНИР „САРАЈЕВО,ЉУБАВИ МОЈА“

Изминатиот викенд, кантонот Сараево беше домаќин на 1. Меѓународен ракометен турнир за жени и мажи ветерани „Сараево, љубави моја 2023“, кој се одржа во салата на КСЦ „Сабит Хаџиќ“ во Илиџа.
 
Со поддршка на Туристичкиот одбор на кантонот Сараево, Ракометниот клуб на ветерани од Сараево приреди вистински спортски спектакл, со учество на над 400 натпреварувачи од 32 екипи од земјите од Хрватска, Северна Македонија, Словенија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.
 
Екипата на ЖРК „ЈУГ“ од Гевгелија, го освои одличното четврто место, и така достоинствено ја претстави Општина Гевгелија и Република Македонија, како и многу пати до сега.
 
“Впечатоците се феноменални. Собравме повеќе од 400 натпреварувачи од целиот регион за одличен турнир. Се беше фер и коректно на теренот, со многу убави потези и голови. Им честитаме на победниците и најавуваме дека следниот турнир ќе го одржиме и година.Сите натпреварувачи се навистина полни со впечатоци а социјалните мрежи на нашата ракометна јавност се исполнети со фотографии и видеа од Сараево“, велат организаторите.
 
За време на официјалното отворање на турнирот имаше навистина емотивни сцени на повеќе од 400 поранешни ракометари, кои, прегрнати во салата на КСЦ „Сабит Хаџиќ“ на Илиџа го пееја познатиот хит на Нови Фосиле „За добра стара време“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *