ЧЕТВОРИЦА ГЕВГЕЛИСКИ ПОЖАРНИКАРИ ЗАМИНАА ЗА ТУРЦИЈА

Четворица пожарникари од ТППЕ Гевгелија, кој се во состав на републичките сили за заштита и спасување при Владата на Македонија, денеска заминаа во спасувачка мисија во пријателска Турција. Тимот од Гевгелија треба да им помогне на настраданите во земјотресот.
 
На испраќањето на екипата од ТППЕ Гевгелија, присуствуваше и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, како и претседателот на Советот на општина Гевгелија, Патрик Мат.
„На сите граѓани од Турција и Сирија, особено на оние од погодените подрачја од земјотресот, им изразувам најдлабоко сочувство за големите човечки и материјални загуби, како и за болката и страдањето на роднините на настраданите и посакувам брзо закрепнување на повредените во катастрофалниот земјотрес.
 
Во овој момент мислите на Гевгеличани се со турскиот народ и жалиме за загубата во страшната несреќа,“ напиша на својот фејсбук профил градоначалникот Сарамандов.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *