ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 7-МИ АПРИЛ, ДЕНОТ НА ЗДРАВСТВОТО, ОД ДИРЕКТОРОТ НА ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА СО ПРОШИРЕНА ДЕЈНОСТ ГЕВГЕЛИЈА, Д-Р МИТКО КРЏЕВ

Почитувани здравствени работници и соработници /доктори, медицински сестри, болничари, медицински технолози и помошен персонал / почитувани граѓани,
Денес е 7- ми Април Ден на здравството. И на овој 7 април 2022 година, поради сеуште актуелната пандемија на Covid-19, моментот не ни дозволува да се опуштиме и традиционално да го прославиме празникот. Но, тоа не значи дека не треба со право да бидеме горди и достоинствени на она што изминатите две години го работевме и она што денес го работиме како секојдневен наш ангажман. Напротив, работевме заеднички, работевме пожртвувано и несебично и пред се работевме професионално, со една единствена цел, да го зачуваме здравјето и животот на нашите граѓани.
Затоа, и на овој Ден на здравството сакам да им порачам на граѓаните да бидат сигурни дека, ќе ги вложуваме сите свои капацитети и стручен потенцијал и во иднина, како и досега, за да одговориме на сите предизвици кои ќе се појават пред нас
Нека ни е честит празникот, Ден на здравството.
Со почит,
Д-р Митко Крџев Директор на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *