Денес е Рождество Христово (Божик) – Празник на радоста и надежта. , највеселиот православен празник со кој се слави раѓањето на Исус Христос.
Нека тишината на овој свет ден ви донесе мир во надежта, радост во животот и љубов за оние со кои живеете! Од срце ви посакуваме мирни денови. Христос се роди! И илјада пати да се родел Исус Христос во Витлеемската пештера, ако ниту еднаш не се роди во нашите срца, сето тоа е залудно.Со неговото раѓање се родила надежта која е спасителка на душата човечка. Христос се воплотил за да го спаси родот човечки.
Именден празнуваат: Христо, Христина, Божин, Ристо, Христина, Ристана, Ристовка…
Божиќ се слави три дена. Божиќното утро почнува така што рано в зори се слушаат камбаните од сите православни цркви и храмови, се облекува свечена облека и се оди во црква на божиќна литургија.
Луѓето се поздравуваат и отпоздравуваат со зборовите „Христос се роди“ и „Вајстина се роди“.
Утрото на Божиќ се појадувa од Бадниковата трпеза, којашто потоа се раскрева. Исто така од овој ден се прекинати божиќните пости и може да се мрси.
Семејствата со помали деца наутро после појадокот се приготвуваат и заминуваат на гости кај своите најблиски, благодарејќи му на Бога за првата мрсна трпеза во годината нова и молејќи му се да не нè лиши од лебот наш насушен низ сите денови од годината што следува. Целта на овој празник е токму таа, да се поврзат луѓето на овој ден со Бога и со своите најблиски. Да поминат квалитетно време заедно и да го прослават Христовото раѓање.