ЧАРДАК ЗА ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈА ВО ВОЗДУШНАТА БАЊА ВО СЕЛОТО СЕРМЕНИН!

Васка Јанева, заедно со својот сопруг, еден ден решаваат да ги напуштат своите работни места и да се посветат на руралниот туризам. Најнапред, пред осум години, градат викендичка во едно од најубавите села на планината Кожуф, Серменин, за да можат да побегнат од градската врева и стресните професии, за да пред две години се решат да отворат Етно куќа и ресторант. Нормално, го нарекле „Серменински чардак“ и го започнале семејниот бизнис за кој Васка ќе каже:
 
„ Се решивме за Серменин, бидејќи мојот свекор и мојата прабаба потекнуваат од ова место на надморска височина од 500 метри, каде чиниш господ ја истурил сета своја убавина. Првата година, вели Васка нудевме само соби за издавање, за да подоцна го отвориме и ресторантот во кое може да се ужива во сите традиционални домашни специјалитети од овој крај. За чудо, во првата година од работењето повеќе имавме странски гости, за да по пандемијата со ковид-19, бројот на нашите гости од Македонија, од ден на ден се зголемува.
 
Благодарение, продолжува Васка, на проектот „Дома си е дома“, ја искористивме можноста да работиме со ваучерите за туризам кои многу ни помогнаа да опстанеме финансиски во овие кризни времиња. Исто така аплициравме и во проектот за самовработување.
 
Од руралниот туризам може да се живее, но треба многу вложен труд и желба, затоа што храната и специјалитетите што ги нудиме на нашите гости е исклучиво од домашно производство, и ги подготвуваме во поголеми количини.
Ова е фамилијарен бизнис, сите членови си имаат свое задолжување, но морам да истакнам дека имаме и вработени, па се надевам дека од 1 јуни, ситуацијата со короната ќе се подобри и ќе може да вработиме повеќе работници.
 
Сакам, на крајот, да ги поканам сите оние кои сакаат одмор и релаксација на чист воздух, како пешачење, планинарење и возење велосипед, придружено, секако од вкусна традиционална храна, нека повелат во Серменин, нема да зажалат. Особено, ова село е познато уште од турско време, по својот лековит воздух, кој помага при лекување на бронхитис и астма, а за тоа зборува податокот дека Турците , ги носеле болните деца од Истанбул на лекување во ова село.
 
Во селото се наоѓа црквата „Св. Ѓорѓе“, изградена во средината на 19 век, легендата вели дека е изградена за четириесет и пет дена со божја помош од бигорот на реката Белица и денес сведочи колку месното население во најтешките моменти успеало да го надмудри турскиот валија. Над селото се наоѓа манастирот „Св. Илија“, кој потекнува уште од 10 век и на чии темели е изграден нов манастир. Над селото се наоѓа парагладјерската патека „Стајка“, а за сите љубители на планинарење обележани се планинарски патеки до Волчја Чешма, Висока Чешма, Штеји и Двете Уши“ , ја завршува својата приказна Васка.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *