БЛАГОЈЧЕ НАЈДЕСКИ ПРВАК НА ГЕВГЕЛИЈА ВО БРЗОПОТЕЗЕН ШАХ

Синоќа, во просториите на Шаховскиот клуб „7-ми Ноември, се одигра последниот брзопотезен турнир во шах од серијата “Гранд При” по кој што беше прогласен и првакот на Гевгелија во брзопотезен шах за 2022 година.
 
Со најмногу поени на Првак на Гевгелија стана Најдески Благојче, второто место му припадна на Боре Танчев, додека третопласиран е Тоше Андонов.
Инаку, Борче Најдоски е вработен во „Вори“ и игра шах веќе 35 години.
 
Во една прекрасна и свечена атмосфера во присуство на 18 играчи од кои имаше тројца гости од Струмица заврши серијата Гранд При за оваа година на Шаховскиот клуб „7-ми Ноември“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *