БЕСПЛАТЕН ЗИМСКИ ОДМОР НА ДЕЦА ОД СЕМЕЈСТВА СО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК

Министерство за труд и социјална политика ги повикува заинтересираните лица корисници на детски додаток, додаток за образование и гарантирана минимална помош, како и деца корисници на посебен додаток до 26 години, да се јават за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација за своите деца.
 
Oваа услуга може да ја користат деца од семејства корисници на детски додаток, додаток за образование и гарантирана минимална помош, како и деца корисници на посебен додаток до 26 години, родени во периодот од 2009 до 2012 година, редовни ученици во основно училиште, како и деца корисници на посебен додаток до 26 години.
 
Услугата ќе се користи во текот на зимскиот распуст во смени по 6 дена. Одобрениот термин за користење на услугата не може да се менува, освен доколку постојат оправдани причини.
Услугата на бесплатен одмор и рекреација за деца опфаќа 5 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно), едукативни, забавни и спортски активности.
 
Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник за време на одморот.
Услугата вклучува и превоз на децата и нивните придружници до објектот и обратно.
Потребни документи за користење на услугата:
За користење на бесплатната услуга за одмор и рекреација потребно е да се поднесе барање до надлежниот Центар за социјална работа, според местото на живеење. 
 
Барањето го издава надлежниот Центар за социјална работа.
Барањата ќе можат да се поднесуваат најдоцна до 26.12.2022 година.
Лицата кои ќе ја користат услугата навремено ќе бидат информирани од страна на надлежниот Центар за социјална работа .

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *