На првиот ден од првиот пролетен месец Март, падна и првиот снег во Гевгелија. За жал, врнежите беа краткотрајни а снегот , кој беше влажен, не успеа подолго да се задржи, по што премина во дожд.
Од Метереолошката станица во Гевгелија не информираа дека утринската температура во нашиот град изнесуваше 1 степен, а времето денес и утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи, претежно од снег на повисоките места.Веќе од среда се очекува стабилно и суво време со пониски утрински температури, додека дневните температури ќе бидат во пораст.