НА 21 И 22 ЈУНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА ПРВО ИЗДАНИЕ НА МУЛТИМЕДИЈАЛНИОТ ФЕСТИВАЛ „АРТ УМ“

За првпат во Гевгелија, ќе се одржи Мултимедијалниот фестивал „АРТ УМ“, во организација на Здружението на граѓани „АРТ-УМ 023“- Гевгелија. Во двата фестивалски дена (21 и 22 јуни 2024 година), ќе се реализираат бројни активности, како: изложби, работилници, уметнички перформанси и настапи на истакнати домашни и странски легенди на електронската музика.

Фестивалот ќе започне на 21 јуни, во Народниот театар- Гевгелија, со мултимедијална изложба, на којашто ќе учествуваат четири гевгелиски уметници препознатливи по својата автентичност: Перо Кованцалиев, Ице Капсаров, Александар Јанев и Мирјана Крстева Массетти, претставувајќи се со своите дела, инсталации и перформанси. Исто така, ќе се одржат и кратки работилници за генеративната уметност од архитектот Натали Василева и мастер-клас на тема: „Кратка историја и вовед во електронската музика и основни на аналогна синтеца“ од продуцентот и ди-џеј Александар Гроздановски (Herzel).

Додека, на 22 јуни, во клубот „Де Факто“, од 22:00 до 06:00 часот, Фестивалот ќе продолжи со музичкиот дел. Десетчасовната програма ќе ја пополнат етаблирани изведувачи од електронската музичка сцена: Jimpster од Freerange Records, Лондон, UK и Samuel L Session од SLS Records, Гетеборг, Шведска. Како и веќе познати артисти од домашната електронска сцена: Tomi Bojadzi, Maci, Wish.Ko, Samoil Radinski, Soul Case, Berryqat, Joss и Mosaik Kollektif.
„После години музичко дејствување на локалната сцена, се подготвуваме да ви понудиме нешто посебно – „Арт Ум Фестивал“. Специјален настан каде ќе може да се забавувате, инспирирате и да се поврзете со уметноста и музиката. Мултимедијална програма со изложби, уметнички инсталации, работилници, и музички перформанси на етаблирани изведувачи од електронската музичка сцена. Придружете ни се за да бидете дел од почетокот на една нова традиција. Целта на овој фестивал е да се обогатат културните и социјалните аспекти на заедницата, како и креирање културна дестинација на градот Гевгелија, којашто ќе привлече посетители од регионот и целата држава. Со понудената програма на Фествилот градот, би се позиционирал на мапата на фестивал туризмот и нови можност за туризам и локален економски развој“, велат организаторите.
 
„Арт Ум Фестивалот“ е поддржан од Општина Гевгелија преку Програмата за финансирање програми и проекти од областа на културата за 2024 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *