АНСАМБЛОТ „БОЈМИЈА“ СО СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА НА „РУДИНА ФЕСТ“
На второто издание на интернационалната манифестација „Рудина Фест“во едно од најголемите села во Гостиварската општина, Чегране, во текот на четирите фестивалски денови настапија близу четири стотини учесници од 9 земји, меѓу кои и Ансамблот Бојмија.. Организатор на „Рудина фест“ беше КУД „Јахи Хасани“ од Чегране.
Ансамблот Бојмија се враќа од овој фестивал со специјална награда за најдинамична кореографија.
Трудот, посветеноста, професионалност, пристапот во онаа што го работиме се вреднува и цени а наградите и признанијата се множат. Голема благодарност до стручното жири на чело со професор Благица Илиќ како претседател на комисијата и Хаки Мулиќи и Арта Мулиќи кои ја препознаа нашата енергија и желба да се надигруваме со останатите ансамбли. Благодарност и до организаторот г-дин Zani Memedi за поканата на овој реномиран, изјавија членовите на овој реномиран ансамбл од нашиот град.