АНСАМБЛОТ „БОЈМИЈА“ ВЕЧЕРВА ЌЕ НАСТАПИ НА ФОЛКЛОРНИОТ ФЕСТИВАЛ „ДОЈРАН 2021“

Вечерва, петок, 16 јули, со почеток од 20,30 часот на Отворената летна сцена(Амфитеатар) во Стар Дојран ќе се одржи интересен прекуграничен фолклорен фестивал. На фестивалот, кој се организира во склоп на ИПА прекуграничната соработка помеѓу Македонија и Бугарија, ќе настапат осум фолклорни групи. Покрај „Бојмија“ од Гевгелија, љубителите на фолклорот ќе може да го проследат и настапот на „Распеани Дојранчани“, „Бранд Петрушев“ од Богданци, „Цветови“ од Дедино, како и фолклорните ансамбли „Родољубие“, „Славеј“, „Струмски напеви“ и „Жива вода“ од Ќустендил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *