АНДРЕЈ МИЛКОВСКИ, ВТОР, ИВАН ЦЕКОВСКИ, ПЕТТИ И АНТОНИО КАМБЕРОВ СЕДМИ, НА „ЕНДУРО ВЕЛЕС 2021“, МОТОЦИКЛИСТИ ОД ГЕВГЕЛИЈА КОИ ВОЗАТ ЗА ЕНДУРО ТИМОВИТЕ „ВОДНО“ И „ВАРДАР“.

Во организација на Мото клуб Мото Велес викендов се одржа првата трка од Ендуро шампионатот за 2021 година. Четириесетина мотоциклисти од целата држава, во три класи, се натпреваруваа на патеката мотокрос Мото-Велес, на ридовите на Езеро Младост. Меѓу нив беа и тројца мотоциклисти од Гевгелија, кои ги бранеа боите на скопските ендуро тимови „Водно“ и „МК Вардар“.
Така, во класата Е2, одличното второ место, го освои Андреј Милковски,од Ендуро тимот „Водно“, Иван Цековски од истиот тим на „Водно“ го освои петтото место додека Антонио Камберов, во класата Е1, кој настапува за тимот на „МК Вардар“ беше седми. Натпреварувајќи се до целта,во времетраење од од 3,5 часови, тимовите постигнаа одлични резултати. Сепак првото место во трите класи им припадна на членовите на Мото клубот Мото Велес.
Мото клуб Мото Велес во соработка со Мотоциклистичката федерација на Македонија и Општина Велес, веќе десетта година по ред, на највисоко ниво, го организираше Ендуро шампионатот. На патеката допрва се очекуваат одлични трки и од меѓународен карактер.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *