Викендов, на 28 август на патеката Забел во Општина Старо Нагоричане, во близина на Црквата “Пресвета Богородица” се возеше втората трка од ЕНДУРО шампионатот на Македонија.
Андреј Милковски, возејќи за тимот на Ендуро тим Водно, во категоријата Е2 го освои првотп место без казнени поени, додека Иван Цековски, возејки за Мото крос клуб Гевгелија, во категоријата Е1 се пласираше на третото место.