Андон Сарамандов: Со замена на сите натриумови со лед светилки во општината, драстично ја намаливме сметката за струја на уличното осветлување.
Денеска, градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов информираше за намалувањето на сметката за улично осветлување во општина Гевгелија.
„За месец јануари имаме намалување на сметката за улично осветлување во однос на предходните месеци откако целосно ги заменивме старите светилки со штедливи лед сијалици. Предходно во месец септември снабдувачот на стуја POWER, еднострано го раскина договорот и општина Гевгелија беше принудена да се снабдува со струја во краен случај од ЕВН Хоме. Како резултат на тоа имавме зголемување на сметката за улично осветлување за 6 до 7 пати. Така, во септември износот на сметката изнесуваше 491 000 денари а за октомври 2 900 000 денари Заради настанатата ситуација мораше брзо да се реагира бидејќи поголем дел од буџетот за 2022 год. на локалната самоуправа ќе требаше да биде потрошен за електрична енергија. Посетив неколку општини да се запознам како тие се справуваат со оваа ситуација, воедно остваривме средби со повеќе фирми кои работат со оваа проблематика пред да донесеме било каква одлука. Јануарската сметка за уличното осветлување во општина Гевгелија изнесува 1,350.000ден а веќе за февруари очекуваме намалување на истата под 1,000.000 ден. Заштедените пари ќе бидат искористени за нови инвестиции а во иднина ќе продолжиме да работиме на подобрување, обновување и проширување на мрежата на јавно улично осветлување.“
Прегледи:252
Еден коментар за “Андон Сарамандов: Со замена на сите натриумови со лед светилки во општината, драстично ја намаливме сметката за струја на уличното осветлување.”
Aj neka ti e so lesno i so beriket rabotata,pozdrav.
Aj neka ti e so lesno i so beriket rabotata,pozdrav.