АНДОН САРАМАНДОВ: ЈА ПОДОБРУВАМЕ СПОРТСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА, А ИМАМЕ ОСНОВЕН ПРОЕКТ ЗА НОВ ФУДБАЛСКИ СТАДИОН

Министерот за спорт, Борко Ристовски заедно со градоначалникот Андон Сарамандов, посетија повеќе локации во Гевгелија, каде изминатиот период беа преземени активности за подобрување на спортската инфраструктура и овозможување подобри услови за правилен развој на младите.
 
Во населеното место Давидово беше организиран настан со кој официјално беше пуштено во употреба новото мултифункционално спортско игралиште ќе им овозможи на жителите на Давидово и околината да се занимаваат со различни спортови и активности, како што се кошарка, фудбал, одбојка и друго.
 
Исто така двајцата извршија увид на локацијата на Спортскиот центар „Касарна“, каде што Министерството за спорт планирана изградба на нова атлетска патека во Гевгелија. Оваа иницијатива произлегува од барањето на група спортски работници, членови на АК „7-ми Ноември“ изнесено за време на предизборните посети.
 
Во изјавата дадена за медиумите градоначалникот Сарамандов истакна дека реконструкцијата на спортското игралиште во Давидово е дел од нашата посветеност да го унапредиме спортскиот живот и да создадеме здрави услови за рекреација и дружење. При тоа тој најави дека има веќе oсновен проект кој предвидува во СЦ „Касарна“ изградба на фудбалски стадион.
 
Од своја страна пак, министерот Ристовски истакна дека проектот за изградба на атлетската патека е дел од напорите за подобрување на спортската инфраструктура и се очекува да почне наскоро. Со овој проект, Гевгелија ќе добие модерна атлетска патека, која ќе биде клучна за развој на атлетските активности во градот и во околината.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *