„ Навистина чувствувам големо задоволство што сум за прв пат во официјална посета на Гевгелија. Со градоначалникот Сарамандов разговаравме за различни теми, но преовладуваше темата за предизвиците со кои се соочува Општина Гевгелија во ова време на економска и енергетска криза.
Тема на нашите разговори беше и можноста за поголема економска соработка на Република Франција и Општина Гевгелија, особено, во тие рамки и за поголема туристичка промоција на Општина Гевгелија во Република Франција.
Навистина, има многу перспективи кои стојат пред нас, за кои верувам дека во наредниот период ќе се интензивираат уште повеќе.