Попладнево, сабота, 26 март, 2022, во Кочани се одржа првата Хуманитaрна Ротари трка 2022, на 5 и10 километри а во организација на Ротари Клубот Кочани-Виница.
На оваа атлетска трка, низ улиците на Кочани, со голем успех, настапија и 10 тркачи на гевгелискиот атлетски клуб „7-ми Ноември“,Цеца Србова, Никола Ковачев, Атанас Епов, Живко Петков, Кристијан Прошев, Ристо Чалков, Стојан Делев, Дарко Прошевски, Мики Петковски, Валентина Узунова, Мијалчо Андоновски, и Диме Андреев.
Атанас Епов, во трката на 5 километри, во машка конкуренција го освои првото место со резултат од17 минути и 14 секунди, додека кај ќените, третото место го освои Цеца Србова.
Интересно е што кај мажите, меѓу првите десет се најдоа и Ристо Чалков, на четвртото место, Стојан Делев на седмото и Никола Ковачев на десеттото место.
Во трката на 10 километри, во женска конкуренција, Валентина Узунова го освои деветтото место со време од 51 минута и 51 секунда.