ГЕВГЕЛИСКИОТ ФУДБАЛЕР ПЕПИ ЃОРГИЕВ ПОТПИША ЗА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
Фудбалерот од Гевгелија, Пепи Ѓоргиев, својата кариера ќе ја продолжи во Академија Пандев од Струмица. Ѓеоргиев својата кариера ја започна во „Кожуф“ а досега настапуваше за албанската ,,Теута Дуреш’’ од Драч
Претходно тој има настапувано за кратовски Силекс, Беласица од Струмица, Брегалница од Штип и вчера официјално стави потпис за ангажман во есенскиот вицешампион во домашното првенство.
Ѓеоргиев кој игра во офанзивниот дел, пред новогодишните празници ги израдува штитениците на Центарот „Мајка Тереза“ во Гевгелија со новогодишни пакетчиња. Тогаш кажа дека сака да предизвика насмевки на дечињата посакувајки им убави празници и многу здравје во 2022.