ДУШИЦА КАЛЕШКОВА – ГО ОСТВАРИВ МОЈОТ СОН ДА РАБОТАМ НА БРОД

Има многу луѓе ширум светот кои бараат можност за работа која ги задоволува не само финансиски туку и лично. Во моментов и поради недостигот на можности во некои туристички сектори, многу луѓе сакаат да ги користат своите обуки и јазици во други области, како што е работата на брод за крстарење.

Многу Македонци, и се разбира гевгеличанки и гевгеличани работат на големите крузери ширум светот. Една од нив е Душица Калешкова, која работи на крузерот „Norwegian Epic“

„Слушајќи ги некои мои другари, ни раскажа Душица, како зборуваат за тоа дека е многу убаво да работиш на брод, тоа предизвика и кај мене желба да го искусам тој бродски живот. Се вработив на крузерот „Norwegian Epic“, брод долг 350 метри и висок колку една 20-катница.

Првите месеци беа малку потешки, бидејќи имаше многу тренинзи, адаптирање, часови и запознавање со работата. Но, откако тоа заврши, веќе можеше да ги почувствувам и убавите работи. Работам во казино департмантот, и секогаш кога бродот е во пристаниште, заедно со гостите  можам и јас да уживам во убавините на Карибите, вропа, Австралија, Аљаска или било кое друго место, во зависност каде плови крузерот. На нашиот брод има луѓе од преку 60 земји во светот, се среќавам со разлилчни култури, обичаи, што за мене претставуваше едно ново искуство.

Времето поминато на брод минува многу бргу, одам на работа, во теретана, одмарам, истражувам некој остров во слободно време, спијам, се дружам со пријатели од Бразил, Кина, Филипини, Индонезија, Колумбија, Африка, Европа…

Морам да напоменам дека  за Божиќ и Нова година атмосферата беше прекрасна како за гостите така и за екипажот, бидејќи водат сметка да бидат задоволни и едните и другите.

Ако ме прашувате каде сме во моментот, ќе ви кажам дека сме во посета на Карипскиот остров Курасто, а ако ме прашате кое место до сега ми остави најголем впечаток, веднаш ќе ви кажам дека тоа е островот Аруба, вистински рај на земјата, истакна Дуѓица.

На крајот на сите свои роднини и пријатели, како и на сите гевгеличани, Душица ја честиташе Новата година со желба да го заборавиме сето она лошо од минатата година, а оваа да биде исполнета со што повеќе радосни и здрави моменти.

„Ништо не е невозможно за некој што има волја да се обиде“, рекол Александар Македонски затоа и во тој стил Душица ја заврши својата приказна.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *